Штрајкот во Србија излегува од контрола, наставниците не примиле плата од февруари
Штрајкот на училиштата во Србија излегува од контрола, бидејќи протестите продолжуваат веќе неколку месеци, а наставниците не примиле плата од февруари.
Според портпаролот на Сојузот на синдикатите на вработените во образованието Јасна Јанковиќ платите на некои наставници се намалени за повеќе од 30% поради нивното учество во штрајкот.
Над 100 училишта во Србија штрајкуваат, дел од нив ја прекинале целосно наставата, а други работат со скратени часови.
„Ситуацијата полека излегува од контрола“, вели Јанковиќ и го критикува Министерството за образование за намалувањето на платите на незадоволните наставници.
Штрајкот на образованието во Србија започна на 17 ноември минатата година.
Слично
