Штрајкот во „Дрекселмаер“ е прекинат
Работниците го прекинаа штрајкот во фабриката на „Дрекселмаер“ во Кавадарци. Откако синоќа со соопштение се огласи менаџментот на компанијата, работниците во трета смена продолжиле со своите активности, а нормално тече работата и во првата смена која утрово дојде на работа.
Раководството доцна синоќа излезе со соопштение, во кое информираше дека остварило средба со незадоволните работници, но дека целиот случај бил „недоразбирање“. Во соопштението не се наведува како одговор дал менаџментот на барањето на работниците за исплата на празничните дневници, но менаџментот на компанијата тврди дека прекувремената работа се плаќа согласно закон.
„Спротивно на тврдењата Дрекслмаер не им ја намали платата на своите вработени. Овде се работи за недоразбирање. Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќаат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа и нето плата. Компанијата се придржува на превземените обврски кон вработените“, стои во соопштението.
По ова, работниците денеска се вратиле на работа, тврдат од компанијата. Во фабриката на германскиот инвеститор во Кавадарци работат над 4.000 лица, а просечните плати се движат околу 9.000 денари.
Слично
