Штрајкот со глад на професорите ставен во мирување!
Раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија ( СОНК) и тројцата универзитетски професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, кои се 22 дена во штрајк со глад, по завршување на Јавниот протест на СОНК заеднички се договорија, во знак на добра воља и симнување на сите обвинувања за политичка заднина на целиот случај, штрајкот со глад да го стават во мирување.
„Раководството на СОНК и во оваа прилика го потврдува принципиелниот став на СОНК дека и понатаму безрезервно ќе продолжи да ги поддржува и да презема соодветни мерки се додека не се реши проблемот со тројцата универзитетски професори, кој е создаден со скандалозно кршење и не почитување на оценките на рецензентските комисии, како и Решението на Државната просветна инспекција“, стои во соопштението на Синдикатот.
Раководството на СОНК изразува задоволство од заедничкиот договор со тројцата универзитетски професори и очекува раководството на Универзитетот „Гоце Делчев“ што поитно да одговори со преземање на соодветни мерки за решавање на овој случај.
Слично
