Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкот продолжува – Наставниците одат на работа, но не држат часови

Штрајкот продолжува – Наставниците одат на работа, но не држат часови
Штрајкот на просветарите продолжува и ќе трае се до исполнување на нивните барања. Наставниците одат на работа, но не држат часови. Иако еден дел од наставниците не ја поддржаа одлуката на СОНК за протест поради несиполнување на барањата за повисоки плати и укинување на казните кои произлегоа со воведување на екстерното тестирање, сепак според податоците на Синдикатот во моментов штајкуваат 70 проценти од наставниците или 22 илјади нивни членови. Во дел од училиштата каде просветарите не се одзваа на повикот на СОНК за штрајк наставата се одвива непречено. Одлуката на СОНК за штрајк доаѓа по неуспешните преговори со министерството за образование. Од синдикатот велат, штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања. Според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, штрајкот се одвива со ист интензитет, а по вчерашните состаноци уште неколку синдикални организации донеле одлука за приклучување на штрајкот. Николов истакнува дека досега нема никаков одговор од Министерството за образование на нивната информација за генерален штрајк и за неотстапување од досегашните нивни барања. Според него, со молкот одговорните во министерството ќе се обидат да ги исцрпат синдикалците и така да го загушат штрајкот. Според новите законски измени, во училиштата каде што се штрајкува директорите се обврзани да обезбедат замени за непречено одвивање на наставата.
Слично

Поврзани вести