ШТРАЈКОТ НЕ ЗАПИРА: Сонк в среда излегува на јавен протест
СОНК продолжува со штрајкот а за в среда најавува јавен протест .
„Бидејќи напорите на Советот на СОНК не наидуваат на заедничко решение низ социјалниот дијалог кои се причина за Генералниот штрајк и понатаму не резултираат, поради неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства заклучивме генералниот штрајк да продолжи со одржување и во наредниот период“, истакнуваат од СОНК.
„Со цел да се упати нова и поенергична легитимна порака до социјалните партнери, Советот одлучи во среда во општините кои ги опфаќаат регионалните одбори на СОНК, да се организираат јавни протести, преку кои дополнително ќе се манифестира одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања“ велат од СОНК.
Од СОНК потенцираат доколку ресорните министерства и Владата на Р.Македонија не пристапат кон одговорен социјален дијалог со раководството на СОНК за договарање на взаемно прифатливи решенија по барањата, најдоцна до среда во тој случај Советот на СОНК ќе пристапи кон Централне протест пред ресорните министерства и Владата на Р. Македонија во петок со учество на сите членови на СОНК кои ја подржуваат Одлуката за штрајк, како и сите полнолетни граѓани кои изразуваат подршка на легитимните барања на СОНК.
