Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкот на судската администрација ќе се радикализира?

Штрајкот на судската администрација ќе се радикализира?

Судската администрација штрајкува веќе четири дена, а Синдикатот на УПОЗ уште не бил повикан на разговор со судските власти и со Министерството за правда за да се најде решение за нивното барање за покачување на платите од 35%.

Службениците велат дека штрајкот ќе продолжи, а ако  надлежните останат глуви за нивното барање,  ќе го радикализираат штрајкот.

„За судската власт повеќе беше важно да се спои денешниот ден со викендот и утрешниот неработен ден отколку да преговара со Синдикатот и да понуди решение. Оние кои го запалија огнот во судовите не смеат сеирџиски да се однесуваат и да го тестираат трпението на штрајкувачите. Со таквиот однос тие само уште повеќе го поттикнуваат незадоволството. Затоа, доколку до среда не покажат интерес за решавање на барањето, од четврток штрајкот ќе се радикализира, а членовите на Синдикатот ќе започнат и протести надвор од судовите“, стои во соопштение од УПОЗ.

Судовите работат само на итните предмети во кои е определена времена мерка и во кои има странски елемент.

Незадоволство се јави откако беа зголемени платите на судиите, јавните обвинители и јавно обвинителската служба.
Слично

Поврзани вести