Штрајкот на матичарите продолжува, договор за платите нема
Матичарите ќе продолжат со штрајкот и во наредните денови. Засега нема договор за зголемување на платите.
Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска се сретнаа со министерот за правда, Никола Тупанчевски околу покачувањето на платите. Рекоа дека за некои од барањата нашле заеднички јазик, но не можеле да се усогласат околу покачувањето на минималната плата. Велат дека овие луѓе надлежните ги ставаат со цела администрација, со уште 10.000 вработени.
„Им предложивме да се издвои категорија и да си биде како посебна. Нивно е како ќе го направат, за да се задоволи барањето – да се усогласи платата. Не можеме сите работници да бидеме во ист кош“, велат од КСОМ.
„Во текот на утрешниот ден ќе ги видиме тие регулативи преку работната средба со министерството и управата, па ќе видиме до каде ќе одат работите“, рече претседателот на синдикатот Тони Милошески.
фото Принтскрин
Слично
