Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкот донесе резултат-Ќе се вработуваат отпуштените професионални војници

Штрајкот донесе резултат-Ќе се вработуваат отпуштените професионални војници

Денеска од страна на владеачката партија беше поднесен предлог за измена на Законот за служба во АРМ со кој предлагаат вработување на отпуштените професионални војници.

„Ќе се затвори кончено една болна тема и горчливо прашање, со кое се надеваме дека ќе добиеме посветла иднина“, велат од Координативното тело на отпуштени професионални војници.

Според Емил Димитриев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ одредбите на законот се прецизни и во истите се предвидува да се вработат околу 140 професионалци најдоцна до  февруари 2016 година.

Отпуштените професионални војници треба да поднесат барање за вработување до крајот на јануари до Министерството за одбрана .

По повод ова прашање владеачката партија бара поддршка од опозицијата од која исто така побараа  едногласно да се изгласа Законот во Собранието.

Дел од професионалните војнице во текот на месец октомври штрајкуваа шест дена со глад во шаторите пред Собранието, чекајќи повторно да бидат вработени.

Инаку тие беа отпуштени со законските измени во 2014 година и тие повторно да бидат вработени.

Слично

Поврзани вести