Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈКОТ ДОБИВА ПОГОЛЕМИ РАЗМЕРИ - Синдикатот на Обединетите автоработници не се откажува

ШТРАЈКОТ ДОБИВА ПОГОЛЕМИ РАЗМЕРИ - Синдикатот на Обединетите автоработници не се откажува

Синдикатот на Обединетите авто-работници ги објави плановите за проширување на штрајкот против трите производители на автомобили од Детроит.

Претседателот на синдикатот Шон Фејн ќе го објави ова во 10 часот по средноевропско време во видео порака до членовите на синдикатот. Дополнителни прекини на работата се планирани за петок, бидејќи не е постигнат напредок во преговорите за условите на договорот за работа, соопшти Синдикатот.

Синдикатот стапи во штрајк на 14 септември, откако пропаднаа договорите за нови работни договори со Форд, Џенерал Моторс (ГМ) и производителот на џипови Стелантис, пишува Асошиетед прес.

Обединетите автоработници во петок ќе ги објават плановите за проширување на штрајкот против три детроитски производители на автомобили.

Дополнителни прекини на работа се планирани за петок бидејќи нема напредок во преговорите за условите на договорот за работа, соопштуваат од синдикатот.

Тие не прецизираа какви дејствија ќе покренат

Првично, работата беше прекината во една фабрика на секоја компанија, а потоа се прошири на 38 дистрибутивни центри за делови управувани од GM и Stellantis. Форд беше поштеден од уште една ескалација додека преговорите со синдикатот напредуваа.

Синдикатот не сакаше да прецизира какви акции ќе покренат, истакнувајќи дека „сите опции се на маса“. Според синдикалните лидери, преговорите се одвиваат бавно и затоа ќе го зголемат притисокот врз производителите на автомобили.


Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Слично

Поврзани вести