Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈК: Втор ден рударите од Тораница под земја без храна и вода

ШТРАЈК: Втор ден рударите од Тораница под земја без храна и вода

Неисплатените две плати во последните два месеци е причина рударите од  рудникот Тораница да штрајкуваат и да не сакаат да излезат од окното на рудникот.

Сите три смени се без храна и вода овие два дена длабоко под земјата.

Фирмата Бинами која е сопственик на рудникот веќе два месеци не им исплаќа плати, така што нивното единствено барањето е да им бидат исплатени платите и придонесите. Во меѓувреме, спонтан прекин на работата има и во рудникот Злетово. И тука единствената причина за прекин на работата е немањето плата.

Засега нема најава дека рударите денес ќе добијат плата.

Слично

Поврзани вести