Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈК во ТЕЦ „Осломеј“: Вработените бараат опрема за заштита при работа!

ШТРАЈК во ТЕЦ „Осломеј“: Вработените бараат опрема за заштита при работа!
Вработени во РЕК „Осломеј“ протестираат незадоволни од условите за работа. Тие бараат да се почитуваат договорите за нивно вработување, да им се исплатат ветените плати, но и да им се обезбеди неопходната ХТЗ опрема затоа што работат во опасни услови. На огласот за нивно вработување им била ветена плата од 45.000 денари за 317 работни места. Наместо тоа, примените цела година добивале по 25.000 денари. Вработените тврдат дека имале закани со отказ и притисоци да се откажат од штрајкот, но тие немаат намера да попуштат, а правдата ќе ја бараат и на суд. Оклу 200 вработени веќе четврти ден го блокират патот до термоцентралата. „Правни игри се тоа, ама ние бараме опис на работното место. Ние штрајкот ќе го изведевме и во комбинатот, но зашто немаме опис на работни позиции не можеме. Затоа излеговме надвор на улица. Се работи со селективна блокада, се блокира патот кон електраната по 23 часа на ден, а се пуштаат возила само на еден час. Локалното насление може да проаѓа непречено“, појаснува Советот на привремено вработени. Тврдат дека многу од нив со години имаат статус на привремено вработени, а редовно вработените хигиеничарки во термоцентралата земаат поголеми плати за далеку помалку опасна работа. РЕК „Осломеј“ тврди дека редовно ги исполнува обврските кон своите вработени, „Како комбинат целосно ги разбираме барањата на работниците дека сакаат да го решат статусот на неодредено време, но треба да имаат во предвид дека тоа зависи и од обемот на работа и реалните потреби и можности на комбинатот. Раководството на „Осломеј“ е секогаш подготвено за средби со работниците со цел заеднички да се разгледаат нивните барања. Воедно, ги отфрламе како сосема неточни изнесените информации во јавноста дека платите на сите привремено ангажирани работници изнесуваат 12.000 денари. Износот кој се исплаќа редовно и без било какво задоцнување зависи од индивидуалната стручна подготовка, како и од работните позиции на кои се распределени работниците“, стои во соопштението од раководството на комбинатот.
Слично

Поврзани вести