Штрајк во рудниците Тораница и Злетово
Илјада рудари од рудниците Тораница и Злетово денеска започнаа штрајк со барање да им се исплатат заостанатите плати. Тие го стопираа производството и не влегоа во окната, револтирани затоа што сопственикот на рудниците, компанијата „Индо минерали и метали“ не им ги исплаќа навреме ниту платите, ниту придонесите.
Оваа компанија со индиски капитал, а регистрирана во Лондон, осум години стопанисува со рудниците за олово и цинк. Од таму се правдаат дека забавената исплата се должи на застојот во работата на рудниците.
„Како резултат на екстремните дождови во текот на месец април и природата на подземните простори во рудникот Злетово компанијата „Индо Минерали и Метали“ главно водена од стандардите за безбедност при работа одлучи да ги суспендира подземните рударски активности во рудникот Добрево се до нормализирање на состојбата“, соопштуваат од компанијата.
Неодамна инспекторите утврдија одговорност кај газдите на рудникот за рударска несреќа во која беа потешко повредени двајца рудари, а претходно за откриени неправилности штетни за безбедноста и здравјето на вработените „Индо минерали и метали“ заработи казна од 100.000 евра.
Слично
