Штрајк во Македонски Железници
Машиновозачите денеска ги стопираа возовите поради неисплатени плати.
Тие информираа дека од 12 часот ни еден воз не е тргнат од жезелничката станица во Скопје. Останатите возови чија почетна станица е во друг град, ќе возат додека не се вратат во Скопје, а потоа ќе запрат.
Машиновозачите најавуваат целосен бојкот на патничкиот сообраќај се додека не им се исплати платата за месец јули.
Тие рекоа дека веќе го информирале и премиерот Никола Груевски, со оглед на тоа што компанијата е целосно во државна сопственост.
Слично
