ШТРАЈК: Судската администрација ја блокираше работата
Судската администрација од повеќе судови денеска преку двочасовно блокирање на работата упати предупредувачки сигнал за можен генерален штрајк.
Причината за штрајкот на судските службеници е неповолните законски решенија кои се донесени со Законот за судска служба од 2014 година.
Преку Здружението на судска администрација и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани штрајувачите побараа корегирање на Зконот за кој велат дека е нелогичен, неприменлив и е на штета на работниците.
Нивните барањата се да се подобри законот за судска служба во делот на оценување, вработување и напредување на работното место.
Слично
