Штрајк со глад во МЖ-Транспорт
Штрајк со глад од утринава се случува во Влеча на возови, дел од Македонски железници –Транспорт . Синдикалниот лидер на независниот синдикат на машиновозачите на Македонија, Латко Јовановски од утринава во 10.00 часот во просториите на железницата започнал штрајк со глад.
Јовановски за Фактор вели дека причината поради која штрајкува со глад е оти смета дека раководството во железницата врз него врши мобинг, а чашата била прелеана, како што вели кога без да биде известен, бил тргнат од распоредот за работа, и потоа ставен на работа во ден кога требало да биде слободен. Но, колегите го известиле дека има промена на распоредот, по што не се случило доцнење на возот кој Јовановски требало да го управува.
Но, освен тоа што Јовановски од утринава штрајкува со глад, според информациите за утре во 12.00 часот во МЖ-Транспорт штрајк имаат закажано уште три други сидникати, незадоволни од дел од работничките права внатре во претпријатието.
Јовановски доцна попладнево тврди и дека на колегите кои сакаат да му дадат поддршка и да му се приклучат во штрајкот со глад, им е забранет пристапот до него и не ги пуштаат да влезат во просториите каде што тпј штрајкува.
ФАКТОР побара став од раководството, но се уште нема одговор за случувањата.
