Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајк со глад почнаа затвореничките во Идризово

Штрајк со глад почнаа затвореничките во Идризово

Во затворот Идризово  106 затворенички најавија дека од денеска почнуваат штрајк со глад.

Тие одлучија да преземат вакви мерки откако добија писмо од претседателот, Ѓорге Иванов во кое објаснува дека нема да ги аболицира.  Иванов, во писмото до затвореничките објаснува дека одлуката за помилувањето ја донел за доброто на сите граѓани на Македонија и во интерес на државата. Нив претседателот ги упатува да поднесат прво молба до него, но преку судот што ја изрекол пресудата. Во барањето на жените било наведено дека сите се мајки и го молат Иванов да биде џентлмен и да ги помилува.

Во меѓувреме околу 2000 затвореници од речиси сите затвори во земјава го чекаат претседателот да им одговори на петицијата, дали ќе им ги намали казните и ќе ги помилува. Тие минатата недела побараа намалување на 30 до 50 % од казните, бидејќи Иванов претходно аболицираше 56 функционери.

Од затворениците имаше најави дека ако не бидат помилувани нема да гласаат на избори.

Слично

Поврзани вести