Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈК НЕМА: Министерството и СОНК договорија преговори!

ШТРАЈК НЕМА: Министерството и СОНК договорија преговори!
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ја стави во мирување најавата за штрајк во образовниот сектор. На денешната средба со министерот Абдилаќим Адеми биле договорени преговори за сите барања на синдикалците, освен за она за повисоки плати, објави Либертас. За ова барање било утврдено дека буџетот е веќе скроен и нема простор за корекции освен оние од 4 отсто кои ќе ги добие целата администрација. Со оглед на постигнатиот договор, СОНК донел одлука штрајкот закажан за утре да го откаже и да им даде шанса на преговорите. Дијалогот меѓу СОНК и Владата ќе продолжи преку работни групи кои ќе ги разгледаат барањата на наставниците.
Слично

Поврзани вести