Штрајк на железничарите во БиХ
Од денеска вработените во „Железниците на Федерацијата Босна и Херцеговина “ започнаа генерален штрајк организиран од трите синдикати на железничарите. Како причина за растот на нивното незадоволство ја посочуваат нередовната исплата на платите, како и неплатените придонеси.
Иако синдикатите најавија целосен прекин на сообраќајот, рестрикциите главно се однесуваат на товарните возови. Откажани се 70 отсто од нив, додека патничкиот сообраќај се одвива без застој.
Слично
