Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајк на вработените во градскиот транспорт во Сараево

Штрајк на вработените во градскиот транспорт во Сараево

Главниот град на Босна и Херцегодина Сараево е целосно блокиран поради генералниот штрајк на градскиот превоз, а граѓаните што немаат сопствени возила одат пеш на работа, јавија локалните медиуми.

По улиците се движат топли луѓе и засега не е познато кога повторно ќе сообраќаат автобусите и трамваите.

Вработените во градскиот транспорт протестираат поради неисплатени плати за месец февруари, додека од 28 март е исклучена и електричната енергија во службените згради на претпријатието.

Денешниот штрајк нема поддршка од синдикатот, кој објави штрајк на 17 април ако не биде постигнат договор со властите.

Слично

Поврзани вести