Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајк на вработените во државните медиуми во Франција

Штрајк на вработените во државните медиуми во Франција
Јавните медиуми во Франција стапија во штрајк денеска поради буџетски рестрикции најавени за следната година.

Во штрајкот кој почна во шест часот учествуваат „Франс телевизион“ и станиците на јавното „Радио Франс“ меѓу кои и „Франс енфо“ и „Франс ентер“ кои наместо информативна програма емитуваат музика.

Француската јавна телевизија следната година треба да добие од буџетот 2,453 милијарди евра што е за 2,3 отсто (85 милиони) помалку во однос на оваа година. За „Радио Франс“ се предвидени 611,7 милиони евра што е за 0,5 отсто помалку од оваа година.
Слично

Поврзани вести