Штрајк го тресе Амазон
Штрајк ја тресе компанијата Амазон деновиве.
Германскиот синдикат Верди во секторот услуги ги повика работниците на Амазон да штрајкуваат 24 часа барајќи подобри плати и договори за работа со кои се гарантираат добри работни услови.
Работниците во логистичките центри на компанијата во Германија и Шпанија штрајкуваа, напуштајќи ги работните места на ,,црниот петок”. Од Амазон во Германија соопштија дека околу 620 работници учествувале во протестите во нивните објекти во Бед Херсфелд и Рајнберг, но дека повеќето работници останале на своите работни места, со што немало никакво влијание врз нарачките.
Амазон Германија соопшти дека на вработените во компанијата им нуди конкурентски плати и бенефиции уште од првиот ден на вработувањето. Вработените во Амазон во Германија заработуваат почетна плата од 10,78 евра на час, а по две години во просек добиваат месечна плата од 2,4 илјади евра.
Штрајк имаше и во Шпанија. Таму работниците во најголемото складиште на Амазон во земјата ги напуштија работните места, а штрајкот ќе продолжи и во наредниот период. Синдикатите инфомираа дека во штрајкот учествуваат меѓу 85 и 90 отсто од вработените.
