Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТОТУКУ ОТВОРЕН ВЕЌЕ ПЕТ АВТОМОБИЛИ СЕ ЗАПАЛИЈА, лош почеток на новиот автопат во Црна Гора

ШТОТУКУ ОТВОРЕН ВЕЌЕ ПЕТ АВТОМОБИЛИ СЕ ЗАПАЛИЈА, лош почеток на новиот автопат во Црна Гора

Само што е пуштен во сообраќај, долгоочекуваниот автопатот „Принцеза Ксенија“ веќе влезе во црна историја, поради запалени возила, сообраќајот беше во прекин

Првиот автопат во оваа земја, кој е важен не само за граѓаните, туку и за граѓаните на Србија, и кој им овозможува на српските туристи од границата до морето да стигнат за три часа, беше отворен на 13 јули, денот на црногорската државност. Веќе следниот ден на него се запали првиот автомобил. За среќа нема повредени. Следниот ден се запалија уште два автомобили, а на 16 јули уште два - вкупно пет во првите три дена, поради што автопатот веќе е прогласен за небезбеден, пишува „Ало.Рс“.

Директорот на „Монтепут“ Милан Љиљаниќ, кој апелираше возачите да ја прилагодат брзината, изјави „дека проблемот е во возилата од постаро производство кои не се подготвени за дозволените брзини на автопатот“.

- Службата одговорна за одржување навремено интервенираше во сите ситуации, а имаа и работа да ги предупредуваат возачите да ги почитуваат правилата за возење на автопат. Возилата се расипуваат затоа што се претежно од постаро производство и не се подготвени за брзините што се дозволени на автопатот, па оттука и пожарите на нив. Нашата противпожарна служба веднаш реагираше - објасни тој, додавајќи дека наплатата на патарините ќе ја нормализира состојбата.

Забележлива е и несообраќајната култура. Возачите не ги почитуваат правилата, па имавме ситуација некои мотоциклисти да застанат во тунелот за да запалат цигара - изјави Љиљаниќ за РТЦГ и нагласи дека е особено неприфатливо возилата да застануваат во тунели, што е строго забрането.

Првата делница од автопатот во Црна Гора, долга 41 километар, која ги поврзува Смоковац и Матешево, официјално беше отворена на 13 јули, на Денот на државноста на Црна Гора. Патарините нема да се наплаќаат до 21 јули. Премиерот Дритан Абазовиќ предложи автопатот да го носи името на првата жена-возач на Балканот - принцезата Ксенија, која возела автомобил „фиат 1100“ што и го подарила нејзината сестра, кралицата Елизабета.

Фото: Принскрин/Ало.рс

Слично

Поврзани вести