Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТОМ БРОЈКИТЕ НАДМИНАТ 1.000 СЛУЧАИ ДНЕВНО, ЌЕ ИМА МЕРКИ - Д-р Тиодоровиќ ги откри можните рестрикции во Србија

ШТОМ БРОЈКИТЕ НАДМИНАТ 1.000 СЛУЧАИ ДНЕВНО, ЌЕ ИМА МЕРКИ - Д-р Тиодоровиќ ги откри можните рестрикции во Србија

Ноќните клубови во Србија ќе бидат затворени ако бројот на заразени лица надминува 1.000 дневно, објави член на Кризниот штаб за борба против вирусот корона на Србија, Бранислав Тиодоровиќ, како што пренесуваат медиумите.

Во тој случај, според него, работното време на угостителските објекти ќе биде ограничено.

„Никој не размислува за повторно воведување полициски час, но ќе имаме ограничено седење во барови и повторно затворање на ноќниот живот“, рече Тиодоровиќ.

Тој ги повика граѓаните да го искористат август за да се вакцинираат, бидејќи тоа на сите ќе им обезбеди помирна и побезбедна есен, пренесуваат белградските медиуми.

Секој ден во Србија расте бројот на заразени со вирусот корона, вчера беа регистрирани 792 заразени лица, заедно со 733 хоспитализирани.

Овие бројки ги загрижија епидемиолозите, кои проценуваат дека ситуацијата е проблематична, бидејќи очигледно е дека трендот на раст на нови случаи не запира.

Слично

Поврзани вести