Што знае Сорос кога се клади против златото?
„Сорос Фонд Менаџмент“ кој го основаше познатиот милијардер Џорџ Сорос, ја удвои својата кладба против S&P 500 индексот и ја удои кладбата во корист на златото.
Овој хеџ фонд поседува „пут опции“ на S&P 500 ETF . „Пут опцијата“ генерално претставуваа кладба против инструменти кои се наоѓаат во нивната основа и им даваат можност на имателите истите да ги продадат по одредена цена.
Овој фонд повеќе од двојно ја дуплираше кладбата дека S&P 500 ќе падне. Имено, во последниот квартал на 2015 година Сорос имаше „пут опција“ од милион акции на споменатиот ETF.
Ваквата одлука произлезе од загриженоста како од забавувањето на глобалната економија (посебно Кина) така и од американската економија. Сорос минатиот месец предупреди дека моменталните услови на кинеската економија личат на оние кои во 2008 година доведоа до финансиска криза.
Спротивно на претходната одлука, на Сорос изгледа му е интересно златото, а пред се бидејќи во колапс на берзите и финансиска несигурност златото отсекогаш било „safe heaven“ за инвеститорите.
Ова го потврдува и опоравувањето на цените на златото од почетокот на оваа година и тоа околу 20% откако цените на акциите паднаа во јануари. Имено, Сорос ја зголеми изложеноста на својот фонд кон златото, од што многумина остнаа изненадени.
Сорос исто така ги скрати своите вложувања во најголемата ИТ компанија во светот. Така го намали делот во компаниите Алфабет и Фејсбук, а купи само околу 3000 акции од компанијата Епл.
