Што знае Сорос а другите не знаат? Свету, пази се!
Џорџ Сорос, кој слава стекна кога пред 25 години се кладел на падот на британската фунта, па така и ја урна, сега се обложува на пад на американската економија.
Односно на пад на главните индекси на њујоршката берза. Во тоа, како покажуваат податоците на американските регулаторни тела, вложил 1,8 милијарди долари.
Што повеќе, во својата проценка Сорос е толку убеден што во неа продолжува да вложува иако оваа година веќе изгубил преку милијарда евра „сортирајќи“ ја вредноста на берзата-прогнозирајќи понатаму пад на нејзината вредност-а таа оваа година порасна за преку 10 проценти.
Дали Сорос ја изгубил бизнис способноста или гледа нешто што другите не гледаат? И што за состојбата на глобалната економија, овој неолиберален економски поредок во кој живееме, говори податокот дека 10 најбогати поединци во изминатите година дена своето богатство го зголемиле за преку 100 милијарди долари, додека истовремено личната задолженост на Американецот достигна највисоко ниво во историјата а нивните реални приходи стагнираат веќе со децении?
