Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што загуби Македонија од излезот на Британија од ЕУ?

Што загуби Македонија од излезот на Британија од ЕУ?

Македонија во Британија загуби поддржувач на процесот на проширување кон евроинтеграциите, смета министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Тој во однос на ова прашање вели дека станува збор за одлука на британските граѓани, а за ЕУ ова сценарио значи загуба на значајна членка.

„Се работи за одлука единствено на Британските гласачи и даночни обврзници. Каква и да е, треба да се почитува. Секако, за Европската Унија такво сценарио значи загуба на значајна земја членка. За Балканот и за Македонија пак, значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширување. Очигледно треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носење на некои политички одлуки за Европа“ – вели Попоски  и додава дека во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара.

Да потсетиме дека Британците на вчерашниот референдум реши да се одвои од Европската унија. Премиерот Дејвид Камерон најави оставка.

 
Слично

Поврзани вести