Што Вучиќ му одговори на Тачи за пушките?
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во одговор на заканите од косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Србија се занимава со политика на мирот, и нема да се занимава со пушки.
„Не сакам да се занимавам со пушки и оружје како Тачи, нека тој го прави тоа. Но, неговите пушки не ја разорија Србија туку некои авиони. А, наше е да водиме политика на мир“ – изјави Вучиќ.
Вучиќ рече дека треба внимателно да се чита изјавата на Тачи кога вели дека пред 19 години засекогаш е симната границата на две држави на албански народ, јави Танјуг.
„Треба некои во меѓународната заедница да се прашаат што мислат за тоа и дали поради тоа беше нападната Србија во 1999 година“ – вели Вучиќ.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“.
„На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години – со пушки“- изјави Тачи.
Тој тоа го изјави во својот говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот меѓу тогашната југословенска војска и ОВК на тој дел од границата.
Припадниците на југословенската војска успеале од април, па се во текот на НАТО бомбардирањето, да го спречат влегувањето во Косово на борците на ОВК, но се повлекоа на 10 јуни 1999 години по потпишувањето на Кумановскиот договор.
