Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ВИ НОСИ СРЕЌА: Амајлии за сите хороскопски знаци

ШТО ВИ НОСИ СРЕЌА: Амајлии за сите хороскопски знаци

Потковица, детелина со четири листа, крст и други религиозни симболи... секој од нас има предмет што го смета за амајлија или талисман. Овие предмети не мора да имаат вистинска вредност, како кристалите, или парична, како златниот накит. Важен е психолошкиот ефект и нашата перцепција за овие објекти како нешто што ни носат среќа. Но, тука е астропсихологијата која ни помага да одредиме кои талисмани најмногу одговараат на хороскопските знаци.

Овен: Фигурка топка Оваа амајлија носете ја во паричникот. Таа ќе го подобри креативното изразување и ќе ја смири импулсивноста карактеристична за сите Овни.

Бик: Фигурка коњ Оваа амајлија симболизира сила и лојалност, и на луѓето во овој хороскопски знак ќе им донесе издржливост. Оваа амулетка треба да ја ставите на маса, или да ја носите со вас.

Близнаци: Клучеви во античка форма Оваа амајлија може да се стави на било кое место дома, но пожелно е да ги носите в џеб. Клучевите ја симболизираат отвореноста, ведриот дух и остриот интелект на Близнаците.

Рак: Фигурка Буда Оваа амајлија носете ја в џеб, но исто така може да ја ставите во спалната соба или во близина на влезната врата. Овој талисман ќе донесе мудрост и долговечност.

Лав: Жетон за покер Оваа амајлија може да ја носите со вас или да ја ставите на работната маса за да ви ги подобри мислите. На неа треба да биде вцртана детелина, срце или коњ.

Девица: Копче Овој талисман ќе ја зајакне креативноста и инспирацијата на Девицата, а ќе ја минимизира нејзината опсесија со ситни детали.

Вага: Амајлија во облик на срце, како и сите кристали во оваа форма Амајлија во облик на срце на Вагите им носи среќа во емотивните врски. Чувајте ја на работната маса или под перница.

Шкорпија: Метални парички Овој талисман носи среќа на патувања и, се разбира, на финансиско поле. Шкорпии, ставете ја оваа амајлија во соба или носете ја во паричникот.

Стрелец: Фигурка куче Овој талисман ќе ја подобри финансиската страна, како и верноста којашто Стрелците понекогаш ја избегнуваат. Чувајте ја фигурата на маса или во спалната соба.

Јарец: Поштенски марки Оваа амајлија се чува на маса или на комодата во спалната соба. Ссимболизира среќа на патувања и контакти со луѓе кои живеат далеку. Со собирање марки, Јарците ги изразуваат своите доблести како упорност, прецизност и трпение.

Водолија: Мало стаклено топче или џамлија Сè што е невообичаено, со силни бои и што поттикнува на размислување е заштитен знак на Водолијата. Оваа амајлија се носи в џеб или чанта. Може да донесе среќа во остварување на целите.

Риби: Фигурка риба Оваа амајлија треба да се стави во спалната соба или на работната маса. Ќе ги подобри односи со другите и вербата во себе.

Слично

Поврзани вести