Што вели првиот човек на Македонска берза за данокот на капитални добивки
Генерално е добро што има подолг временски период на прилагодување, односно што капиталните добивки ќе се оданочуваат од 2020 година. Во тој период инвеститорите ќе се прилагодат, вели за Фактор директорот на Македонска берза Иван Штериев. Министерството за финансии најави дека капиталните добивки ќе се даночат со стапка од 15 проценти од 2020 година од кога со исто толкава стапка ќе се оданочуваат и каматите заработени од заштедите во банките.
„Кај капиталните добивки историски имало и кога биле оданочувани и кога не беа подложни на даночење. Секако, за пазарните учесници е најдобро истите да не се предмет на оданочување, но тоа се проценки на креаторите на политиките. Во секој случај, генерално е добро што ќе има подолг временски период за прилагодување, односно данокот ќе почне да се наплатува од 2020 година. Ќе има извесност и сите ќе се прилагодат на новата регулатива. Она што е исто така за истакнување е што за прв пат во ист период кога се оданочуваат капиталните добивки ќе има данок и за каматите од депозитите, односно ќе постои ист третман на овие инвестициски алтернативи, вели Штериев за Фактор.
A.T.