Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Макрон за новиот трговски договор меѓу САД и ЕУ?

Што вели Макрон за новиот трговски договор меѓу САД и ЕУ?

Претседателот на Франција, Емануел Макрон е лут поради новиот трговски договор меѓу САД и Европската Унија(ЕУ). Тој ја критикуваше ЕУ дека, според него, не била „доволно застрашувачка“ за да обезбеди подобри услови.

Договорот беше објавен во неделата, а во европската јавност преовладува став дека значително им оди во прилог на САД, а не на ЕУ. Особено во Франција, договорот е остро критикуван, но Макрон првично не реагираше јавно. 

„Европа сè уште не се доживува себе си како вистинска сила. За да бидете слободни, мора да ве почитуваат и да се плашат од вас“, кажа Макрон. 

Сепак, Макрон додаде дека настапот на Франција и понатаму ќе биде цврст и дека ова не е крај на приказната. Посочи дека сè уште е можно да се постигне поповолен договор за Европа.

Новата трговска спогодба предвидува 15 отсто царини на речиси сите извозни производи од ЕУ, како и обврска ЕУ да инвестира дополнителни 600 милијарди долари во САД. Дополнително, Европската Унија ќе купи и американска енергија во вредност од 750 милијарди долари.

foto Facebook/Emmanuel Macron

Слично

Поврзани вести