Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели легендарен директор на пиварница: Си заминав кога требаше да одговарам на 150 мејлови дневно

Што вели легендарен директор на пиварница: Си заминав кога требаше да одговарам на 150 мејлови дневно

Наместо да следам што се случува во погоните, јас требаше да одговарам на 150 мејлови дневно, затоа си заминав, истакна за „Новости“ легендарниот српски директор Раде Свилар, инаку добитник на десетици награди. Тој своевремено беше менаџер на „Апатинска пивара“, инаку тогаш најпродуктивната пиварница во Србија.

- Требаше по цел ден да се допишувам, а не знам што се случува во фабриката. Електронската пошта служи како изговор да се избегне одговорноста за некаков проблем. Добриот менаџер, освен што треба да знае да управува, мора да знае да го реши секој проблем во дејноста. Пиварницата која ја водев во мое време прерасна во број еден во Србија и самата си ги произведуваше своите кадри, не носевме од друго место. Луѓето беа задоволни и верни на компанијата. На денешните раководители им се важни само бонусите - вели Свилар.

По осум години, повикан е да се врати на старото место како советник,.но тој се уште се мисли дали да ја прифати понудата.

- Денеска кога зборуваат за образование низ практика ми е смешно. Бидејќи ние уште во минатиот век имавме програма во Сомбор, каде што секој што ќе завршеше отсек пивар во средното училиште, веднаш добиваше вработување кај нас. Посебна приказна беа инжењерите, кои беа испраќани на странските саеми да донесат знаење, а не да одат во шопинг. Добиваа најквалитетна стручна литература за да бидат во тек со најмодерните процеси - истакна Свилар.



Слично

Поврзани вести