Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Ѓулен за притисоците врз неговите следбеници?

Што вели Ѓулен за притисоците врз неговите следбеници?

Живеејќи во егзил во САД имамот Фетхулах Ѓулен, кого Турција го обвинува за обидот за државен удар во јули, ги осуди репресиите на турската влада против неговите поддржувачи.

Тој притисоците ги оцени како мрачни страни во светската историја.

Пред Советот за меѓународна политика во Филаделфија, Ѓулен рече дека турската влада го користи обидот за преврат, за да ја оправда репресијата против неговите следбеници, кои според него се изложени на угнетување, тиранија, малтретирање и незаконско одземање на приватната сопственост. 

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган го обвини Ѓулен за организирање на обидот за државен удар, при што беа убиени најмалку 270 лица, потсетува АП. По него во Турција уапсени се и отпуштени се десетици илјади следбеници на Ѓулен, а беа затворени илјадници институции, вклучувајќи и училишта.

Оваа недела Турција испрати на САД официјално барање за апсење на Ѓулен, кој живее во  Маунтинс во Пенсилванија.

Ѓулен негира каква било поврзаност во обидот за преврат.

Репресиите против приврзаниците на Ѓулен предизвикаа стравувања кај западните сојузници на Турција и меѓу активистите, кои побараа турската влада да покаже воздржаност, забележуваат агенциите.


Слично

Поврзани вести