Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што велат од Владата за најавите за поскапувањето на струјата?

Што велат од Владата за најавите за поскапувањето на струјата?

Владата може да препорача, но не и да одлучи за цената на струјата. 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска изјави дека како Влада ќе препорачаат да нема зголемување на цената на струјата. 

„За зголемување на цената на струјата би требало да оставиме на Регулаторната комисија за енергетика. Ние како Влада работиме, слушаме и ги следиме состојбите и ќе препорачаме да нема зголемување на цената на електричната енергија, но не можеме да одлучиме. Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената. Но, ќе работиме на подобрување на состојбите во енергетиката, на вложувањето во обновливи извори на енергија, во живеење зелено“, рече тој. 

Се очекува дека доколку има поскапување, на сметка од 1.000 денари, ќе плаќаме плус 50 денари. 

Слично

Поврзани вести