Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што велат од грчката Влада за Илинденска Македонија?

Што велат од грчката Влада за Илинденска Македонија?

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна.

Toj изјави дека многу имиња се нашле на маса, но дека двете страни засега не стигнале до конкретно име.

„Во овој момент, не можам да кажам нешто повеќе. Сѐ ова се однесува на суштинската содржина на преговорите, кои треба сите да ги почитуваме дека не може да бидат предмет на јавна дискусија. Повторно ви велам, многу имиња се најдоа на маса. Во овој момент, немаме стигнато до нешто“ – вели Ѕанакопулос. 

Тој вели дека постои политичка волја. 

„Сепак, како што кажа и премиерот, имаме уште пат да изодиме за да стигнеме до заемено прифатлив договор. Така функционираат преговорите. Не можеш да го предвидиш успешниот исход. Секако, можеш да работиш во оваа насока. И ова, Ве уверувам дека го прави грчката влада, со чувство на одговорност за решавање на едно прашање што ја измачува нашата земја, но и поширокиот регион, над 30 години“ – додава Ѕанакопулос.

Во однос на тоа дали е можно до средината на јуни да се постигне решение, грчкиот министер и владин портпарол вели дека не сака да дава предвидувања за исходот на преговорите.

Слично

Поврзани вести