Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ве очекува според хороскопот денес?

Што ве очекува според хороскопот денес?

ОВЕН Задоволни сте од она што се случува на работното место, но повремено стравувате дека некои работи можат да се сменат. Ве мачат тешки мисли и не знаете како да се справите со нив. Не дозволувајте несигурноста да ви ги блокира напорите за напредување. Партнерските односи ви се турбулентни и партнерот се однесува невообичаено. На моменти се однесува пријателски, но во друг момент го отфрла сето тоа и се обидува да ви наметне нешто што воопшто не ви е блиско.

БИК Сето она што го работите сега е ставено под лупа на претпоставените. Потребно е да го смените однесувањето и да бидете малку поколегијални, за да не дојдете во ситуација колегите да се свртат против вас. Денес ќе анализирате некои состојби од изминатиот период и ќе пронајдете каде сте грешеле. Дел од Биковите ќе одат на пат каде што ги очекува пријатно изненадување. Ако сте сами, можно е интересно дружење со многу духовита личност. Доколку сте во брак, обидете се да не одговарате на провокациите на партнерот.

БЛИЗНАЦИ Станувате многу тврдоглави и се обидувате докрај да го истерате она што сте го замислиле. Имате јасна цел пред себе, и ништо нема да ве спречи да ја остварите. Комуникацијата со колегите е добра и сите очекуваат да им ја подигнете енергијата со ваШето добро расположение. Ако сте слободни, комуникацијата со една личност што ја имате запознаено преку социјалните мрежи, почнува да се продлабочува. Близнаците што се во брак ќе се чувствуваат по малку напуштено и без поддршка од партнерот.

РАК Подготвени сте за работа под притисок. Досегашните успеси, на некој начин, ве очеличија, и сега сте подготвени за нови предизвици. Се случува нешто што е несвојствено за вас. Поголем дел од времето го поминувате на работа отколку дома. Полни сте со енергија и со ентузијазам, и тоа ве прави привлечни за спротивниот пол. Врските кои ќе ги започнете во овој период, ќе бидат многу успешни и долготрајни. Ако сте во брак, можно е проширување на семејството.

ЛАВ Имате многу планови и нема да се смирите додека не ги реализирате. Особено сте активни на полето на финансиите. Идеите кои ги имате ќе ви донесат некои нови моменти, на кои воопшто не сте сметале. Потребно е да ја намалите напнатоста и да се опуштите, ако сакате сè она што сте замислиле да почне да се остварува. Ако сте слободни, се наоѓате во фаза кога ви е многу важен материјалниот статус на потенцијалниот партнер. Лавовите што се во брак,ќе си направат проблем со постојаната контрола врз партнерот.

ДЕВИЦА Денес ќе бидете бунтовни и ќе се обидете да истерате некоја своја правда на работното место. Ова ќе ги предизвика колегите, и можно е заладување на односите. Време е да размислите за своето однесување и да не се мешате таму каде што не ви е место. Ако сте слободни, можно е ново познанство преку пријатели со некој што е од друга земја и, веројатно, од друга вера. Ако сте во брак, во вечерните часови можна е посета од стари пријатели.

ВАГА Потребно е да почнете да работите сами и да си ја зголемите самодовербата. Денес е можно да слушнете глас во врска со вашето унапредување. Не плашете се од обврските кои ќе ви бидат наметнати туку тргнете во битка, од која ќе излезете како победник. Ако сте во брак или во подолга врска, можна е преселба или купување недвижности. На слободните Ваги многу им е важно мислењето на семејството во однос на партнерите. Време е да престанете да се грижите за тоа и да не дозволите мешање од страна.

СКОРПИЈА Денес ќе ви се случи неправда на работното место, што ќе ве оддалечи од претпоставените и од колегите. Ако сте невработени, исто така, може да ви се случи неправда, и она што сте го планирале да падне во вода. Но вие сте способни да се извлечете од секоја ситуација и затоа не дозволувајте да се деморализирате. Ако сте слободни, одбегнувајте да контактирате со оние што се веќе во врска. Обрнете внимание на една личност што има многу енергија и постојано е во движење.

СТРЕЛЕЦ Моменталната финансиска состојба не ве задоволува, и свесни сте дека треба да преземете некои конкретни чекори. Некои Стрелци ќе донесат одлука да продолжат да се усовршуваат, и на тој начин да дојдат до нови можности за унапредување на работата. Ако сте слободни, имате потреба да стапите во контакт со некој што ќе ви влее сигурност. Веќе ви е смачено од разни игри, и сакате мирна и сигурна врска. Оние што се во брак, можат да сметаат на партнерот и целосно да се потпрат на него.

ЈАРЕЦ Денес ќе чувствувате недостиг на енергија и ќе ја одбегнувате физичката работа. Повеќе ќе се занимавате со правење планови и со анализирање на досегашната ситуација. Ако сте невработени, можно е да добиете понуда од некоја голема компанија или од странска фирма. Ако сте слободни, можно е да сретнете личност полна со енергија. Во моментов ви е потребна токму таква личност, која ќе може малку да ве придвижи и да ве натера на позитивно размислување.

ВОДОЛИЈА Денес ќе се најдете во центарот на вниманието на некои збиднувања. Колегите ќе очекуваат да преземете иницијатива или да решите дел од работите за кои сте компетентни. Финансиската ситуација, сè уште не е онаква каква што посакувате, и ќе треба малку да го стегнете коланот за да ја дочекате следната недела без долгови. Ако сте слободни, повеќе сакате да се дружите со мистериозни и затворени личности. Личностите што се полни со енергија ве плашат и ве тераат да се повлекувате.

РИБИ Престанете да се докажувате пред колегите и пред претпоставените. Свесни сте дека немате конкуренција, и затоа малку смалете ги тензиите. Работите ви одат во позитивен правец. Ако имате намера да ја менувате работата, може да добиете интересна понуда преку некој бивши колега. Ако сте слободни, можна е врска со личност родена во земјен знак. Рибите што се во брак ќе сакаат да го изненадат партнерот со кратко патување

Слично

Поврзани вести