Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што треба да направи Владата за стандардот на Македонците да порасне двојно повеќе?

Што треба да направи Владата за стандардот на Македонците да порасне двојно повеќе?
На хартија, оптимистички проекции. Во следните неколку години економијата ќе расте со просечна стапка од 3,8%. Каде е Македонецот во однос на Европеецот според животниот стандард? Каде водат сегашните стапки на раст? Во најновиот владин документ “Фискалната стратегија за управување со Јавнот Долг“ државата очекува дека градежништвото ќе биде предводник на идниот економски раст, а позитивни стапки ќе испорачаат земјодеството и угостителскиот сектор. Економски раст: какви беа ветувањата, а какви се остварувањата! Економијата ќе заздравува, минусот во државната каса ќе се намалува. Оптимистички проекции предвидува Владата со најновата Фискална стратегија за управување со Јавниот Долг. Просечната стапка на економски раст од 2014 та до 2016 та година, според Владата ќе изнесува 3,8%. Еве какви стапки на раст на БДП предвидува државата :
  • 2014  та   3,2%
  • 2015  та    3,8%
  • 2016  та     4,5%
Оптимистички проекции имаше и во Фискалната стратегија за управување со јавниот долг 2010 та – 2012 та година Оценувајќи дека Македонија во 2010 та година влезе во пост-кризен период, државата тогаш проектираше позитивни стапки на економски раст. Еве какви беа проекциите, а какви беа резултатите :
  •                            проекција                           остварување
  • 2011 та                   3,5%                                    2,8%
  • 2012 та                   5,0%                                   -0,4%
Заклучно со најновите ревидирани податоци за 2012 та година, Бруто Домашниот Производ во земјава изнесува 7 милијарди и 454 милиони евра или 3 616 евра по глава на жител. Според последните расположливи податоци, лани македонскиот БДП изнесувал само 35% од европскиот просек. Македонија, заедно со Србија, Албанија и Босна ја сочинуваат “четворката“ држави што имаат најнизок животен стандард во однос на европскиот просек. За да го удвои сегашниот БДП по глава на жител и да се приближи до некои од европските земји, Македонија треба да испорача стапка на економски раст од 7 отсто во следните десет години во континуитет - оценуваат економистите. Тие се едногласни во оценката дека со сегашните стапки на раст на БДП нема да има ефекти ниту по стандардот на граѓаните ниту за компаниите. “На Македонија и е потребна стапка на раст од најмалку 8% до 10%. Сметам дека единствено овие стапки ќе значат и вистински пораст за економијата. Но важно е дека тие треба да се одржуваат во континиутет од повеќе години за граѓаните да почуствуваат подобар животен стандард, подобра финасиска кондиција за команиите, зголемување на кредитирањето“ – смета бизнисменото Горан Рафајловски. Највисоката стапка на економски раст од 6,1%  беше остварена во 2007 та година. Кој ќе биде локомотива на растот ? Оптимистичките проекции се темелат на очекувањата за посериозно ликвидносно закрепнување на приватниот сектор. “По очекуваното заздравување на реалниот сектор во 2013 година, во наредниот среднорочен период се очекува одредено забрзување на растот на индустриското производство, согласно очекуваната динамика за раст на странската побарувачка. Така, во периодот 2014-2016 година се очекува растот на индустријата да се движи помеѓу 3,8% и 5%. “ – пишува во Фискалната Стратегија на Владата. Генератор на растот според Владата и натаму ќе биде градежништвото. Така, во периодот што следува, проекциите предвидуваат раст на активноста на градежништвото со стапка од 7%, кај услужниот сектор стапката на раст би изнесувала 3,4% а кај земјоделството 3%. “Стратегијата за покренување на градежништвото, како локомотива на економскиот раст не е лоша, но прашање е за што ќе се насочи овој сектор. Дали за изградба на објекти или за изградба на стратешки патни и железнички инфраструктурни прокети“ – вели Рафајловски. Сличен став има и универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров. “Градежништвото нема развоен елемент. Тоа дава импулс но еднократен, она што има мултипликационен ефект даваат другите дејности. Градежништвото може да ја стави економијата под вештачко дишење, но во отворени економии како македонската тоа не може да испорача долгорочни и одржливи ефекти“ –  изјави неодамна  за „Фактор“професорот Шукаров На расходната страна, Владата предвидува раст на Бруто Инвестициите во просек за 8,2%, главно како резултат на зголемување на нивото на капиталните инвестиции од Буџетот. Во пакет со овие оптимистички прокеции, се предвидува раст на јавната потрошувачка и на извозот, како резултат на зголемената странска побараувачка. “Во периодот 2014-2016 година се очекува просечен реален раст на личната потрошувачка од 3%, а јавната потрошувачка се очекува да порасне за околу 1% во просек.“ – проектира Владата преку Фискалната Стратегија. Како резултат на сите овие параметри за покренување на вкупната економија, во 2016 та година Владата очекува дека невработеноста ќе се намали на 26 отсто. А.Д.  
Слично

Поврзани вести