Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што стои зад продажбата на акциите на Кираца Трајковска?

Што стои зад продажбата на акциите на Кираца Трајковска?

Трката за превласт во една од најголемите шпедитерски компании Фершпед, деновиве доби нов тек. Вчерашните објави од компанијата на Македонска берза повторно го отворија прашањето, дали ќе има промени во структурата на менаџментот на компанијата и што се крие зад битката меѓу двата долгогодишни парнетри Штерјо Наков и Кираца Трајковска.

Потегот на Трајковска, која ги продаде своите 10,63 % акции во Фершпед, ја изнененади јавноста. Останува нејасно зошто токму Трајковска, која беше иницијатор за одржување на претстојното вонредно акционерско собрание, со предлог точки за промена на членовите на Надзорниот Одбор, распределба на дивиденда, тешки обвинувања до Наков, сега одеднаш се одлучува на ваков чекор. Останува непознато дали се откажа од битката или пак се во прашање други задкулисни игри.Трајковска вчера изјави дека акциите ги продала на Друштвото за инвестирање и консалтинг  “Консалтинг инвесментс син ДОЕЛ”. „Останувам во Фершпед, а ги продадов своите акции на Друштвотото за инвестирање и консалтинг “Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ” Скопје, како мој влог и заложени како позајмица во моја фирма, каде имам и уште двајца содружници“, изјави  за НОВА Трајковска.

Во соопштението на берзата за ова Друштво стои дека, согласно законските правила за котација на Македонската берза, “ Консалтинг инвесментс син ДОЕЛ” се стекна со 2.155 акции, однсоно 11,90% од основната главнина на друштвото.

Од Македонската берза велат дека внимателно ги следат случувањата со акциите на Фершпед. Но на прашањето како се оттуѓени акциите на Трајковска и дали ќе подлежи на контрола, за повеќе информации не упатија во Ферпшпед.

- Македонската берза ги следи случувањата со тргувањето на акциите на Фершпед. Вчерашните соопштенија на Фершпед се во согласност се законска обврска на друштвото. Берзата нема увид во тоа кој тргува , бидејќи тргувањето е неперсонално, објаснуваат од Македонската берза.

Сличен одговор добивме и од Комисијата за хартии од вредност.

- Комисијата за хартии од вредност ја следи состојбата со акциите на Фершпед. Правилата за тргување се прашање на Македонската берза. Во тек е контрола и се додека не заврши, не можеме да објавуваме детали, велат од Комисијата за хартии од вредност.

Крајот неизвесен, мнозинските акционери во трка за акција плус

На македонската берза последниве два дена нема понуда и побарувачка за акции на Фершпед. Но очигледно тоа е само за пред јавноста. Извори за Фактор коментираат дека акционерите од двата спротиставени табори  се во трка кој повеќе акционери ќе придобие. Цените за една акција далеку повисоки од оние на берзата. Според некоие информации, за една акција едните нуделе околу 4.700 евра, а другите 5.700 евра.

Молк од странските фондови

Застапникот на странскиот фонд “Квест инвестментс”, не сакаше да коментира за последните случувања со акциите на Фершпед.

Не сакам да коментирам и шпекулирам за Кираца Трајковска, таа си е посебен субјект. Она што во моментов се создава е вртоглав пораст и вредности, но и апетити за вредноста на една акција, ја надминува очекуваната и реална економска логика. Ако некој сака да го заштити капиталот, не треба да се соочи со несватлив вртоглав пораст на една акција, бидејќи порастот е надвор од секој параматар на економска логика, вели Венцислав Гушев, застапник на странскиот фонд “Квест инвестментс”.

Како се разгорува битката така расте цената на акциите

Превирањата во компанијата изминатиот период доведоа до драматичен пораст на цената на акциите на Фершпед. Ако пред еден месец една акција чибеше 1.000 евра, сега вредноста е три пати поголема. На Македонската берза минатата недела беа истргувани акции за околу еден милион евра, при што само еден во болк трансакција минаа половина милион евра. Како растеше цената, така растеа и обвинувањата меѓу двајцата долгодишни партнери Наков и Трајковска. Застапникот на странскиот фонд Квест инвестментц, Гушев,  тврдеше дека менаџментот на Фершпед давал милионски суми како позајмици на физички и правни лица кои пак никогаш не се вратени и побара странска куќа да изврши ревизија на работењето во Фершпед.

„Така со ова самољубие се оди во АД „Фершпед брокер“, чиј основач е АД „Фершпед“, се купуваат акции, но не се плаќаат. Сето тоа се случува во 2009 година, а веќе во 2011 година претседателот на УО на „Фершпед Брокер“ потпишува одлука со која ги брише обврските и ги ослободува од плаќање двајцата по број први акционери во Друштвото. Ова е само еден податок, односно тоа е само една алка од неправилностите во работењето. Исто, менаџментот на „Фершпед“ давал и парични позајмици кои изнесувале неколку милиони евра на физички и на правни лица кои никогаш не се вратени“ , изјави Гушев.

На почетокот на месецов преку јавно писмо Трајковска го обвини Наков за незаконско работење, притисок врз вработените да потпишуваат бланко полношна и обезвреднување на компанијата. Ваквите обвинувања Наков ги отфрли како неосновани.

- Фершпед работи законски, а секако тоа се гледа и од успешноста на компанијата. Воопшто не е точно дека сме давале такви позајмици, не е точно дека сме вршеле притисок врз акционерите за потпишување на бланко полномошна., изјави  Наков.

Според податоците Штерјо Наков со неговите синови поседува 25 % од акциите во Фершпед,  Драгослав Димевски има 5%, странските инвеститори кои ги застапува адвокатот Венцислав Гушев имаат околу 2,8% од акциите на Фершпед,и сега последно 11,90% поседува  “ Консалтинг инвесментс син ДОЕЛ”.  Останатиот дел е во рацете на помалите акционери. Вонредното акционерско собрание е закажано за на 10-јануари следната година. Тогаш ќе биде познато дали ќе има промени во структурата на менаџментот на компанија.

Ј.С.

Слично

Поврзани вести