Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЀ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ЕДЕН МЕНАЏЕР? Поуки за младите бизнисмени од менторот Ристо Јаневски

ШТО СЀ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ЕДЕН МЕНАЏЕР? Поуки за младите бизнисмени од менторот Ристо Јаневски

Што сѐ треба да знае еден менаџер за да биде успешен во својот бизнис? Какви знаења, вештини и организациски способности му се потребни? Се косат ли менаџерските обврски со креативната работа? Како да се препознае бизнис идеја?

Сите овие одговори ќе ги добијат слушателите на предавањата во рамки на Програмата за мали и средни бизниси што ја организира Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања кој е еден од четирите совети неодамна формирани од Стопанската комора на Северна Македонија. Целта на овие нови коморски тела е да се отворат перспективи за иновации, знаења и развој на нови услуги и институции кои се од директна корист за компаниите. Обуката започнува на 9 декември а ќе трае до почетокот на јуни 2022 година. Предавачи се 30-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научната фела кои ќе пренесат практични ускуства.

Осумте модули од оваа Програма треба да го поткрепат слушателот со една општа менаџерска култура која треба да ја има современиот менаџер. Слушателите ќе се стекнат со знаење и вештини потребни за секојдневното тековно работење на компанијата.

Целото интервју на Плусинфо.мк.

Слично

Поврзани вести