Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се содржи денешната „бомба“ на Заев

Што се содржи денешната „бомба“ на Заев

На денешната прес конференција лидерот на опозицијата, објави аудио снимки во кои според него во последните 3-4 години биле преслушувани над 100 новинари и сопственици на медиуми, меѓу кои се спомнува уредникот на Фокус  Никола Младенов, кој пред две години почина во сообраќајна несреќа.

Содржината на првата објавена аудио снимка покажува како министерката Гордана Јанкуловска и шефот на кабинетот на претседателот, Мартин Протоѓер се прислушкувани и разговараат а министерката си нарачува кои медиуми да покријат одредени настани.

Втората бомба открива разговор од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и уредникот во „Сител“, Драган Павловиќ-Латас во која според слушнатиот аудио разговор може да се забележи  како министерката си нарачува прилог во вестите на „Сител“ а уредникот, нервозен пак, и враќа дека не можел да ги исполни сите нивни нарачки и да не претеруваат.

Следен е разговорот на министерката Јанкуловска и портпаролот на МВР, Иво Котевски.  Се слуша како двајцата разговараат за некои податоци кои ги побарала новинарка на МРТВ, а министерката се изјаснува дека новинарката  не смее да пишува за таа тема.

Котевски вели дека МТВ се амбицирала, бидејќи сакале да прават некаков прилог за масовни убиства, а министерката децидно одговара „е нема да прават“!, а од разговорот се подразбира и дека на новинарката дури и се заканува „летање од работа„ ако не се откаже од темата за прилогот.

Во четвртата снимка што ја пушти Заев исто така е прислушуван уреникот на ТВ Сител Латас, но овој пат со директорот на УБК, Сашо Мијалков кој вели дека не  е задоволен од тоа што го добива за возврат од Сител и Канал 5 за што добиваат и милиони.

Петтата аудио снимка е разговор помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков .

Последната снимка што ја презентираше Заев содржи разговор меѓу премиерот Никола Груевски и министерот Јанакиески во кој договараат префрлање на пари од АЕК на име документарни филмови.

Слично

Поврзани вести