Што се случуваше со девизниот пазар неделава?
Доларот во средбата ослабна на кошницата со валути, откако претседателката на ФЕД Џенет Јелен, изјавила дека нема да се брза со зголемените камаптни стапки. Доларот изреагира и на падот на приноси на американските обврзници бидејќи изјавата на Јелен ги разочарала инвеститорите кои формирале позиции во исчекување на јасни назнаки за зголемување на каматните стапки.
Зголемувањето на каматата ќе зависи од економските податоци и за тоа дали ќе се одлучува во текот на наредните состанооци. Доларскиот индекс оствари пад од 0,25 проценти на 94,245 поени, а доларот забележа пад во однос на повеќето глобални валути.
Во однос на јенот, доларот ослабнал 0,2% на 118,73 јени, додека фунтата зајакнала на осмонеделен максимум од 1,5538 долари. Кон еврото е забележан раст од 0,1 процент на 1,1355 долари. Почнува со програма на купување на обврзници, во износ од 60 милијарди евра месечно. Централната банка на Јапонија веќе наголемо спроведува квантитативни олеснувања.
Австрискиот долар зајакнал за 0,7 проценти на 0,7885 долари, поради слабеењето на американскиот долари и поволните податоци од Кина чија индустирско производство забележа четиримесечен максимум во февруари.
Во средата меѓубанкарскиот девизен пазар се отвори на ниво од 120,00/30.
