Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Акциите вивнати до небо

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Акциите вивнати до небо

Во последните денови од октомври акциите на Светската берза се вивнаа до небо.

Акциите на светските берзи денеска растат, бидејќи инвеститорите ги поздравиле успешните деловни резултати на компаниите, како Фејсбук и Џенерал Моторс.

На Волстрит, S&P индексот порасна за 33 поени или 1,2 отсто на 2.715 поени, индустрискиот ,,Дау Џонс” за 289 поени или 1,2 проценти на 25.177 поени, а технолошниот ,,Насдак” индексза 132 поени или 1,8 отсто на 7.294 поени, пренесува АП.

Акциите на Фејсбук пораснале за 3,6 отсто на 151,60 долари, на Епл за 3,0 отсто на 219,73 долари, а Амазон за 4,5 отсто на 1.600 долари. Во Европа, финанискиот индекс КАК 40 порасна за 2,3 отсто, германскиот ДАКС за 1,5 отсто, а британскиот ФТСЕ 100 за 1,3 проценти. Акциите на Ербас зајакнале за 5,2 отсто откако произведувачот на авиони пријави раст на профитот, додека акциите на произведувачот на козметика Лорал се вивнаа за 6,8 отсто.

Доларот скокна на 113,15 јени од вчерашните 112,96 јени,  додека еврото ослабна за 1,1335 долари од претходното нив од 1,1342 долари.

Американската "лесна" нафта (WTI) достигна 0,4 проценти на 66,46 долари за барел во Њујорк и северноморскиот "Брент" од 0,5 проценти до 76,30 долари за барел во Лондон.

Во Азија, јапонскиот индекс Nikei се зголеми за 2,2 проценти, додека хонгконшкиот индекс Ханг Сенг за 1,6 проценти и јужнокорејскиот индекс Коспи за 0,7 отсто.

Слично

Поврзани вести