Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО НОЌЕСКА ВО ЧАЧАК? По пожар во магацин со топовски гранати, серија екплозии го треселе градот, работниците евакуирани

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО НОЌЕСКА ВО ЧАЧАК? По пожар во магацин со топовски гранати, серија екплозии го треселе градот, работниците евакуирани

Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак серија експлозии со часови ги вознемирувала граѓаните во текот на ноќта. Градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ објави дека нема жртви, а сите работници биле навремено евакуирани на безбедно место.

- Немаше човечки жртви или повредени во серијата експлозии. Нема причина граѓаните да бидат загрижени. Евакуирани се 30 работници на компанијата и околното население. Припадниците на противпожарната единица СВС и противпожарната единица Слобода се на лице место - напиша градоначалникот Тодоровиќ на Фејсбук.

Како што дознава агенцијата РИНА, пожарот избувнал во магацин со топовски гранати во населбата Придворица. Големи количини муниција има на залиха во оваа воена фабрика, а граѓаните стравуваа дека пожарот ќе се прошири.


ФОТО/РИНА

Слично

Поврзани вести