Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗУБИН ПОТОК: Косовски специјалци пукаат во невооружени Срби, Србија на готовс

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗУБИН ПОТОК: Косовски специјалци пукаат во невооружени Срби, Србија на готовс

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска одржал седница на Советот за национална безбедност после која е воочено поместување на единицата на Војската на Србија во Краљево.

Претседателот на Србија рекол дека во акцијата на Приштина се уапсени 23 лица на српската и бошњачка националност.

Косовските специјалци упаднале на Косово и Метохија со вкупно 73 возила.

Борбената готовност на војската и полицијата на Србија е подигната на највисоко ниво а во касарната на Војската на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила.

Што се случува во Зупче?

Припадници на РОСУ упаднале утринава на Северот од Косово и досега уапсени 13 Срби припадници на косовската полиција. Најнапнато е во Зубин поток каде РОСУ пукаат на невооружени Срби кои се обиделе да им го препречат патот.

На магистралниот пат кон Зубин поток и понатаму  трае операцијата на специјални косовски сили РОСУ, кои се обидуваат да се пробијат до Зубин поток, пренесуваат медиумите од Србија.

Дел од медиумите во соседството објавија дека и барикадите се пробиени.

Видео може да погледнете тука.

Слично

Поврзани вести