ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО УКРАИНА: Колкава е инфлацијата?
Годишната инфлација во Украина малку се забави од 14,3 проценти во јуни на 14,1 процент во јули, објави денеска Државниот завод за статистика (Держстат).
Како што е наведено, главната причина за овој тренд се базните ефекти поврзани со скокот на цените на електричната енергија од јуни 2024 година, кога руските сили ја нападнаа украинската енергетска инфраструктура.
Инфлацијата во секторот за домување и комунални услуги остана ниска на 2,4 проценти, додека цените на електричната енергија не се зголемија втор месец по ред.
Спротивно на тоа, цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемија за дури 22,6 проценти на годишно ниво, како и цените во рестораните и хотелите за 15,6 проценти, а трошоците за превоз за 7,1 процент.
На месечна основа, потрошувачките цени во Украина се намалија за 0,2 проценти во јули, според извештајот на веб-страницата на Держстат.
foto freepik.com
