Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со цените на фунтата и нафтата?

Што се случува со цените на фунтата и нафтата?

Втор ден по ред на азиските берзи цените на акциите пораснаа.

Состојбата е таква затоа што вложувачите ги охрабри рекордниот досег на индексот S&P 500 на Волстрит, а се надеваат и на нови поттикнувачки мерки на централните банки.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување денеска  беше во плус над 2,5%, а цените на акциите во Сингапур, Шангај, Јужна Кореја, Хонгконг и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,8%. Поради тоа MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,5 %, достигнувајќи го највисокото ниво од крајот на април.

Доброто расположение на пазарите дојде благодарејќи на продолжениот раст на цените на акциите на Волстрит, при што S&P 500 индексот достигна 2,137 поени. Ова е највисоко ниво во историјата, надминувајќи го рекордот од мај лани.

Причината за тоа е забрзувањето на растот на американската економија, по забавувањето во првиот квартал, и убедувањето на вложувачите на американската централната банка годнава нема да ги зголеми клучните каматни стапки.

Најмногу скокна токискиот Nikkei индекс бидејќи тамошните медиуми објавија дека премиерот Шинзо Абе, по победата на неговата коалиција на изборите за горниот дом на парламентот, има намера да воведе дополнителни поттикнувачки фискални мерки во износ од 100 милијарди американски долари.

Тоа веројатно би го финансирала јапонската централна банка со дополнително печатење пари, а иако таквата политика досега не успеа значително да ги поттикне растот на тамошната економија и инфлацијата.

Иако се очекува олабавување на монетарната политика во Британија, курсот на фунтата во вторникот претпладнето се проби над 1,30 долари, бидејќи вложувачите се надеваат на смирување на потресите на тамошната политичка сцена, имајќи предвид дека е веќе извесно оти нова премиерка ќе стане досегашната министерка за внатрешни работи, Тереза Меј.

Вложувачите очекуваат и поттикнувачки мерки од британската централна банка, која заседава оваа седмица. Најверојатно ќе има намалување на клучните каматни стапки за да се спречи слабеењето на тамошната економија по Брегзит.

Слично

Поврзани вести