Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со швајцарскиот франк по Брегзит?

Што се случува со швајцарскиот франк по Брегзит?

По силниот притисок на франкот, интервенираше Централната швајцарска банка.

Таа интервенираше на девизниот пазар за да го стабилизира франкот, кој се смета за сигурно засолниште за инвеститорите по Брегзит.

Кога резултатите од британскиот референдум станаа јасни, франкот зајакна во однос на еврото и се тргуваше 1.06 франка за евро.

Швајцарската валута која се смета за стабилна, веќе имаше раст откако се објавија резултати од истражувања за тоа каков ќе биде исходот од референдумот.

Зајакнувањето на франкот им штети на швајцарските извозници, кои се принудени да ги смалат цените и трошоците за да останат конкурентни на меѓународниот пазар.

Централната банка во земјата воведе негативна каматна стапка на депозитите на почетокот на минатата година, откако три години имаше низок курс на франкот за да го заштити извозот.

Слично

Поврзани вести