Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПИВСКАТА КОМПАНИЈА: Рубљата удари врз добивката на „Карлсберг“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПИВСКАТА КОМПАНИЈА: Рубљата удари врз добивката на „Карлсберг“

Данската пивска компанија Carlsberg забележа добивка за првото полугодие под оценките на аналитичарите, откако слабата рубља се одрази негативно на резултатите, соопштува Bloomberg.

Добивката пред камата, даноци и еднократните ефекти е намалена до 3,45 милијарди круни (522 милиони долари), изјавија од компанијата чие седиште е во Копенхаген. Просечната прогноза на аналитичарите беше за профит од 3,54 милијарди круни.

Главниот извршен директор Ц.Харт вели дека очекува органскиот раст на профитот да се забави до околу 1% во втората половина од 8% во првото полугодие поради повисоките трошоци во Русија, каде Carlsberg е најголемата пивска компанија.

„Очекуваме послабата добивка и недостатокот на ажурирани насоки да разочараат“, пишува Карл Волтон, аналитичар во UBS.

Carlsberg ја зголеми оценката за негативните валутни влијанија до 600 милиони круни за годината од 550 милиони круни по значително негативно валутно влијание од Источна Европа, каде што има 35 отсто удел на пазарот во Русија.

Производителот планира да ги намали до 2 милијарди круни трошоците до крајот на следната година, додека се подготвува да се соочи со поголем конкурент по спојувањето на Anheuser-Busch InBev и SABMiller. Компанијата се повлекува и од пазарите каде растот се забавува, на пример Малави и некои операции во Финска и Полска.

„Имаме некои активности кои не се случуваат на начинот на кој би сакале. Ги ревизиравме и продолжуваме со програмата за рационализација на нашиот бизнис“, рече Харт, додавајќи дека други операции може да бидат прекинати до крајот на годината.

Продажбата за првата половина се зголеми за 4% на органска база, без да се вклучуваат монетарни ефекти и превземања. Тоа е над консензусната оценка за зголемување од 3,2%. Приходите од Западна Европа, која формира околу 60% од продажбата на Carlsberg, се зголеми за 2% на органска база во согласност со пазарот на пиво, изјавија од компанијата.

Слично

Поврзани вести