Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со економскиот раст во Словенија?

Што се случува со економскиот раст во Словенија?

Растот на словенечката економија е под просекот на Eвропската Унија(ЕУ). 

Економскиот раст на Словенија во вториот квартал изнесуваше 0,7 проценти, но беше помал од очекуваното, иако донекаде сличен на оној во првата половина од минатата година. Ако ја погледнете ситуацијата на ниво на Европската Унија, европската економија во овој момент беше поголема за 1,6 проценти.

„Не можеме да бидеме задоволни ниту со тие трендови, ниту со ова закрепнување во вториот квартал. Сепак, мора да нагласиме дека имаше мала позитивна корекција на падот во првиот квартал, што всушност беше нешто пониско од првата проценка, но таа корекција беше навистина многу мала“, изјави Бојан Иванц, главен економист и раководител на Аналитичката служба на Словенечката стопанска комора, во интервју за РТВ Словенија.

Тој додаде дека, според моментално објавените податоци на Евростат, Словенија е на 17-то место меѓу 19 европски земји во однос на динамиката на економскиот раст во првата половина од годината. Единствената светла точка е растот на потрошувачката на домаќинствата, која изнесуваше два проценти, но од друга страна, просечните нето плати се зголемија за повеќе од четири проценти.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести