Што се случува со цените на храната глобално?
Цените на храна на глобално ниво се намалија во јануари петти месец по ред, со значително поевтино сирење и путер, шеќерот и на производите од свинско месо, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Годишната споредба за првиот месец од 2024 година покажува пад на цените од 0,6 отсто.
На почетокот на годината, млекото и млечните производи поевтинија за 5 отсто во споредба со декември, што е резултат на сирењето и путерот. Во меѓувреме, светските цени на обезмастеното млеко во прав се зацврстија, поткрепени од обновената побарувачка за увоз од Блискиот Исток, Северна Африка и делови од Азија.
Цената на шеќерот значително се намали, за еден процент, со очекувања за подобра понуда во тековната сезона благодарение на закрепнувањето на производството во Индија и поволните прогнози за жетвата во Тајланд и Бразил.
Цените на месото малку се намалија за 0,4 отсто, со поевтино свинско месо и поскапа живина.
Растителните масла поскапеа во јануари за 2,1 отсто во споредба со декември. Цените на палминото масло се зголемија поради сезонски предизвиканото намалување на производството во Југоисточна Азија. Цената на сончогледовото масло, исто така, порасна, што одразува ограничени залихи од регионот на Црното Море.
foto freepik.com