Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

Благ пад на бројот на невработените лица во земјава е регистриран во текот на месец март. По неколку месеци постојано зголемување на невработените кои ги регистрира Агенцијата за вработување, во третиот месец е забележан обратен тренд.

Варијациите на бројот на невработени лица во земја се вообичаен појава, како и секаде во светот. По падот на бројот на невработени минатата година, од декември месец повторно имавме раст на бројот на лица кои сакаат да работат, но не можат да најдат работа.

Најмал број лица кои се воделе како невработени е регистриран во ноември, кога на листата имало 102.744 невработени лица и уште 44.735 кои бараат работа.

Потоа од декември бројот континурано расте. Па така во декември биле регистрирани 105.452 невработени и уште 47.289 лица кои бараат работа.

Во јануари бројката благо се зголемила и достигнала 105.803 невработени и 46.881 лица кои бараат работа. Додека во февруари повроно се зголемил бројот, па регистрирани се 106.618 невработени и уште 47.273 лица кои бараат работа.

Во март, Агенција за вработување регистрира пад на невработените и тоа на 105.844 лица, додека бројот на лицата кои бараат работа продолжува да расте и достигнува 47.452 лица.

Најголем дел од невработените се во Скопје - 22.858, по што следува Тетово со 13.016 невработени, па Куманово со 10.698 невработени лица.

Податоците покажуваат дека најголем група на лица кои се невработени се лицата без стекнати вештини во животот, поточно без образование. Но, високи се и бројките на лица со средно образование.

Меѓу лицата кои бараат работа се 17 Доктори на наука, 569 Магистри на наука, 6.649 лица со високо образование, 716 лица со вишо образование, 25.695 лица со завршено средно образование, 9 илјади лица со непотполно средно образование, 63.198 лица без образование.

Дали намалувањето на бројот на вработени се должи на вработување во земајва, или пак во странство, треба допрва да покажат податоците, особено по сумирање на податоците меѓу трите земји кои се дел од „Отворен Балкан“, каде беа потпишани договори за размена на работници, што се очекува да придонесе за раздвижување на пазарот на трудот.

Податоците на Агенцијата пак покажуваат дека убедливо најмногу работници се бараат во Преработувачката индустрија, каде што всушност има најмногу слободни работни места или 1.526 позиции. Исто така слободни работни места има и во објектите за сместување и дејности поврзани со храна и тоа 1.518, како и сектор трговија на големо и мало – 1.148. Во слична категорија се и административните и услужните дејности каде има 1.129 слободни работни места. По нив следуваат транспорт и складирање, градежништво, уметност, забава и рекреација и други сектори...

Од друга страна меѓу најбараните позиции и понатаму се хигионичарите, по што следуваат работници за производствена линија, општите работници, продавачи, келнери, касиери...

П.О.

Слично

Поврзани вести